Измените на законот за попис се утврдени на денешната владина седница, соопштија од прес службата на Владата. Оттаму додаваат дека до Собранието ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно дека се врши менување на датумите за спроведување на Пописот и дека тој ќе се спроведе во септември оваа година.
„Една од измените што се предлагаат е продолжување на процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората до крајот на одржувањето на пописот во септември“, се додава во соопштението.
Измените на Законот за попис експресно пред Владата
Претходно министерот за правда Бојан Маричиќ, изјави дека поради итноста, најавените измени на законот ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце и скратена постапка, и дека не очекува можност за блокади.
„Датумот на пописот е во една одредба и наместо од 1 до 21 април ќе го ставиме од 5 до 30 септември и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна до 30 септември, кога треба да заврши теренскиот дел на пописот“, рече Маричиќ.