Авганистанските власти соопштија дека при вооружени напади биле убиени три жени, здравствени работници кои имале задолженија за вакцинирање против детска парализа. Од Авганистанското министерство за здравство соопштија дека трите жени биле убиени во два засебни напади во главниот град на провинцијата Нангахар. Досега никој не презел одговорност за нападите. Нападите се случија по еден ден откако во Авганистан почна масовно вакцинирање на милиони деца против полио, поради заразен патоген кој се пренесува преку вода.
Портпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид изјави за медиумите дека нивните групи немаат никаква улога во спроведените напади. Претставникот на САД за надворешни работи во Авганистан Рос Вилсон изјави дека „нападот врз здравствените работници е толку бездушен, што дури необјасниво“.