Министерот за здравство, Венко Филипче, на утринската координација со директорите на ковид центрите и претседателот на Комисијата за зразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во државата, болничките капацитети, состојбата на болните, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).
„Болничките капацитети за прием на ковид пацинети за разлика од ноември се зголемени за 50%, а зголемена е и потребата од хоспитализација на пациенти што бара сериозен пристап и координација која успешно се менаџира. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој момент доколу е потребно може да се стават на располагање за прием на ковид болни. На состанокот се разговараше и за достапноста на болничката терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани, доставата на терапијата оди тековно и нема застој. Според анализите на епидемилозите, нема потреба од воведување на нови дополните рестирктивни мерки, односно истите не би дале резултат со оглед на тоа што се наоѓаме на крајот на активноста, на респираторниот вирус, односно на 6 до 8 недела од третиот бран“, се наведува во соопштението од МЗ.
Видете и ова: Слаба комуникација со граѓаните на кризниот ковид системТоа, според епидемиолозите, како што е наведено во соопштението од Министерството, значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети.
Моментално во Македонија е во сила полициски час од 22 часот до 5 часот наутро. Вакцинацијата на граѓаните почнува утре со имунизација на лица над 75 години со вакцини од АстраЗенека. Следната недела ќе се вакцинираат полицијата, војската, новинарите, судиите, возачи...
Во продолжение - Анкета меѓу граѓаните во Скопје за вакцинацијата против Ковид-19