Милошоски: Поднесен Предлог за изменување на Изборниот законик

Антонијо Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска информираше дека е поднесен Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, потпишан од сите пратенички групи.

„Првата е поместување на терминот за локалните избори за втората половина на октомври, што значи дека локалните избори би се одржале на 24 или на 31 октомври оваа година и втората измена е што се овозможува ефикасна употреба и реализација на законската обврска за употреба на уреди за отисок на прст при гласање, што и овозможува на ДИК да биде на ефикасен начин поврзана со дата базата на МВР“, стои во соопштението од Милошоски.

Тој додава дека се очекува во текот на денешната владина седница да се реализира и она што беше договорена на вчерашната лидерска средба, а тоа е Владата, договорот за одложување на пописот во месец септември да го преточи во предлог за измени и дополнување на Законот за попис на населението и истиот во најкус можен рок да го достави до македонското собрание за да може согласно договорот да биде изгласан пред започнувањето на пописот.