Пописот се одложува за во септември за да има време да се спроведе вакцинација на населението против коронавирусот, се договориле денеска лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, по денешната лидерска средба рече дека апликацијата за самопопишување останува активна. Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев исто така потенцира дека дијаспората ќе продолжи да се попишува онлајн. Теренската фаза од пописот на домаќинствата требаше да почне в четврток на 1 април.
Околу работата во Парламентот, двајцата се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се однесуваат околу поддршката на економијата за пандемијата и другите од тој пакет.