Во Клубот на пратеници во Скопје почна лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која, како што е најавено, тие ќе разговараат за претстојниот попис, работата на Парламентот, изборите, пандемијата, економијата, евроинтеграциите…
Заев, пред средбата, изрази очекување дека ќе најдат заеднички решенија за непречено спроведување на пописот. Средбата ја иницираше Мицкоски, а Заев веднаш прифати. Премиерот најави дека по средбата со Мицкоски ќе има средби и со лидерите на другите опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива.