Во Британија втора фаза на олеснување на мерките против коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон

Велика Британија денеска треба да влезе во втората фаза на олеснување на блокирањето поради коронавирусот, но премиерот Борис Џонсон повика на претпазливост, наведувајќи ги зголемените случаи во другите делови на Европа и заканата од нови варијанти на вирусот.

Наредбата за останување дома ќе биде релаксирана за да се овозможи собирање на отворено до шест лица или две домаќинства.

Новите правила исто така ќе им овозможат на аматерските тимски спортови да продолжат, како и оние кои се занимаваат со тенис, голф, кошарка и пливање на отворено.

Џонсон рече дека земјата сè уште „мора да остане претпазлива“ бидејќи бројот на случаи продолжува да расте низ цела Европа, а и новите варијанти се закануваат на процесот на вакцинација во Велика Британија.