Нови 708 позитивни на коронавирус, 33 починати

Клиника за инфективни болести, Скопје

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 708 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2763 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 126.938. Починати се 33 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 3.675 лица.

Во моментов во земјава има 18.907 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 604, а потоа следуваат Куманово со 80, Битола 72, Велес 62, Охрид 60, Кавадарци и Штип по 44...

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, но од Министерството наведуваат дека ова не е целосна бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа, односно дека поради апдејтирање на софтверот вкупниот број ќе биде прикажан во утрешната статистика.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 104.365 лица од почетокот на епидемијата.