Пристигна втората пратка од руските вакцини „Спутник В“

Втора пратка од 3.000 руски вакцини „Спутник В“. Меѓународен аеродром Скопје.

Втора пратка од 3.000 руски вакцини „Спутник В“. Меѓународен аеродром Скопје.

На меѓународниот аеродром во Скопје денеска пристигна и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, информира Министерството за здравство.

Според институцијата, овие вакцини пристигнале во 14:30 часот и се наменети за ревакцинација на 3.000 здравствени работници.

Инаку, денеска претпладне пристигнаа првите 24.000 дози вакцини „Астра Зенека“.

Со нив в среда ќе започне имунизацијата на грашаните, односно приоритет ќе имаат лица над 75 години и хронично болни, како што најави министерот за здравство Венко Филипче.

Здравствените власти најавија дека до крајот на априд ќе пристигнат дополнителни 76.000 дози вакцини против Ковид-19.