Почина Зафир Хаџиманов

Васил Хаџиманов.

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов денеска почина на 77-годишна возраст во Белград по компликации предизвикани од Ковид-19.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград.

Тој зад себе има оставено над 5.000 записи од македоснки изводни песни.

Зафир Хаџиманов дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој е автор на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик.

Тој играше главни улоги во неколку филмови, како во „Македонска крвава свадба“, и е добитник на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика.