Мицкоски - Колоните кон Србија ја покажуваат неспособноста на власта

Христијан Мицкоски - лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Колоните возила кон соседна Србија најдобро ја покажуваат неспособноста на Владата предоведна од премиерот Зоран Заев, оцени денеска опозицијата. Во соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека состојбата е показатал дека граѓаните не им веруваат на властите за вакцините за кои е најавено дека ќе пристигнат утре.

„Македонија живее полоши години од деведесетите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Влдата“, се вели во соопштението.

Денеска голем број македонски граѓани заминаа во Србија да добијат вакцина против Ковид-19. На граничниот премин Табановце од утринава имаше гужви. Граѓани од целиот регион викендов се упатени кон неколку српски градови за да добијат вакцина, откако тоа го дозволи Српската Влада. Странските државјани викендов ќе можат да се вакцинираат со вакцината на „Астра Зенека.“

Инаку, опозицијата денеска организираше и протест пред Министерството за здравство поради високиот број на заразени и починати од Ковид-19 во земјава. Демонстрантите бараа оставка на министерот за здравство Венко Филипче поради начинот на кој здравствените власти ја менаџираат кризата.

Владејачката СДСМ излезе со соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно, бидејќи како што наведува, на еден ден пред да пристигнат над 20.000 вакцини во земјава одржува протест поради грижа за здравјето на граѓаните.

Имунизацијата во земјава засега се одвива бавно. Вакцинирани се само 6.940 здравствени раборници, со досега стигнати 11.190 вакцини. Во Македонија утре (недела) ќе пристигне првата пратка од 24.000 вкакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Месецов земјава е зафаета од силен бран на коронавирусот. Во моментов има над 17 илјади активни случаи, од кои повеќето се во главниот град Скопје. Според информациите на Министерството за здравство, само во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 1.422 нови позитивни на Ковид-19. Периодов расте бројот и на смртни случаи.