На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата, додека на останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.
Зголемениот интензитет на Табановце е поради големиот број на македонски државјани кои денеска се упатија во Србија да добијат вакцина против Ковид-19. Некои имаат добиено покана за вакцинација преку електронскит систем на државата, додека други се упатуваат на Белградскиот саем каде во тек е вакцинација на голем број странски државјани.
Српската Влада информираше дека на саемот е отворено вакцинирањето со вакцината на прооизводителот „Астра Зенека“.
На интернет страницата на Здравствениот дом во Ниш е наведено дека за време на викендов 27 и 28 март, од 8 до 20 часот се организира вакцинација на странски бизнисмени и други странски државјани со вакцината „Астра Зенека“ и дека заинтересираните треба да понесат само пасош.
Денеска и Независната угостителска комора (НУК) во соработка со Стопанската комора на Србија обезбедни вакцинација за заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучително и музичарите, соопшти НУК.
Во Македонија утре (недела) ќе пристигне првата пратка од 24.000 вкакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Во земјава засега се вакцинирани само 6.940 здравствени раборници, а досега стигнати се вкупно 11.190 вакцини.