Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела, на 28 март во државава ќе пристигне првата пратка вакцини од АстраЗенека.
„Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот“, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот Филипче.
Засега вакцинирани се само 6940 здравствени работници. Во земјава досега се стигнати 11 190 вакцини. Од нив 3000 вакцини Спутник В од Русија и 8190 вакцини од Фајзер, кои беа донација од Србија.
Според националниот план за вакцинација по здравствените работници треба да се вакцинираат лицата постари од 70 години.