Во петок ќе се одржи експертска дискусија посветена на состојбата и перспективите за развој на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија по иницијатива на претседателот на бугарскиот претседател Румен Радев. Информација ја соопшти неговата прес-служба на официјалната веб страна на Радев.
Европскиот Парламент со 558 гласови за, 70 против и 59 воздржани денеска го увои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Извештајот ги поздравува напорите на Северна Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение.
- ЕУ го усвои извештајот за Македонија, но, не и амандманот за „провокативното однесување на Бугарија“
Амандманот на Социјалдемократите и Зелените преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.