Протести во Белорусија против Лукашенко

Безбедносните сили со учесници на протестите на „Денот на слободата“ во Белорусија.

Белорусите денескаа излегоа на улиците во Минск и други градови по повикот на опозицискиот лидер Светлана Цихануаскаја за започнување на нов бран протести против владеењето на Александар Лукашенко.

Циханускаја ги повика Белорусите да ја искористат прославата на „Денот на слободата“ за одржување протести низ целата земја за да се изврши притисок врз авторитарниот лидер и да се прогласи единство против политичката криза што ја опфати Белорусија откако Лукашенко беше прогласен за победник на претседателските избори минатиот август за кои опозицијата вели дека биле наместени.


Но, настанот во Минск се соочи со предизвици откако полицијата одби да обезбеди заштита за активистите, а Амнести Интернешнл изрази загриженост за тоа како властите можат да одговорат. Претходно беше објавено дека безбедносните сили,, воените возила и полициските комбиња биле позиционирани низ Минск пред планираната акција.

Многумина од Белорусите со црвено-бело знаме на првата република се движеа кон центарот на Минск, а некои се собраа на плоштадот Октомври. Локалните активисти цитирани за РСЕ соопштија дека најмалку 20 лица биле приведени во Минск.