Пратениците најдоа решение за законите од 5-от антикризен пакет

Илустрација

Пратениците од мнозинството и опозицијата успејаа да најдат решение за деблокада на законите од петтиот пакет антикризни мерки. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да закажува нова седница со четири точки, како што бараше опозицијата, но затоа пак, од дневниот ред на тековната 36-та седница се бидат тргнати повеќето други точки, освен оние за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ се понуди да обезбеди кворум.

Тие четири точки се однесуваат на продолжувањето на кризната состојба на јужната и на северната граница и на имплементацијата на финансиската помош за фирми и физички лица – мерки што произлегуваат од петтиот антикризен пакет за справување со економските последици од ковид пандемијата. За повлекување на точките од дневниот ред гласаа 87 пратеници. Четирите одлуки ќе се гласаат по скратена постапка откако за нив ќе заврши расправата во матичните комисии. Во меѓувреме, Собранието ја продолжи седницата за пратенички прашања.

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно ќе го изгласаме 5-от сет мерки, закажете седницаПред ова, работата на Собранието по течките за кои треба кворум, беше блокирана, а беше најавена и средба за премиерот Зоран Заев со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за барање начин за деблокирање. До договор дојде за време на координацијата кај спикерот Џафери, откако тој претходно, ненадејно ја закажа 36-тата седница со точките за 5-от антиковид пакет, иако за денеска беше предвидено да има само пратенички прашања.