Акција на МВР во скопски Грчец и Гази Баба, над 20 уапсени

Илистрација

Специјалните единици на Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведуваат голема полициска акција во скопски Грчец и Гази Баба.

Акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со МВР. Акцијата е против лица за нелегална трговија со дрога и до сега, неофицијално, се уапсени над 20 лица.

Од МВР за МИА ја потврдиле акцијата и повеќе детали најавиле за во текот на денот.