Рускиот претседател Владимир Путин прими вакцина против Ковид19 и се чувствува добро, јави руската агенција РИА денеска повикувајќи се на извори од Кремљ.
Кремљ претходно сооптши дека Путин одлучил да не каже со која руска вакцина се вакцинирал. Тој беше критикуван дека не одлучил да се вакцинира брзо во земја во која има широко распространета одбивност кон вакцината.
Досега околу 4,3 милиони Руси ги примија двете дози што е помалку од пет отсто од државјаните на Русија која има околу 146 милиони жители, што ја става зад многу земји во процентот на вакцинирани жители. Државата разви три вакцини против ковид19- Спутник Ве, ЕпиВакКорона и КовиВак.