Оружен напад во супермаркет во Колорадо, 10 загинати

Полициски сили пред супермаркетот во кој се случил нападот

Најмалку 10 лица се убиени, меѓу кои и еден полицаец, во оружениот напад во супермаркет во Болдер, во американската сојузна држава Колорадо.

Претставничка на полицијата во градот синоќа соопшти дека инцидентот почнал вчера попладне, кога осомничениот влегол во супермаркетот и отворил оган.

Убиениот полицаец прв стигнал во маркетот и смртно бил погоден, додаде таа, истакнувајќи дека осомничениот е приведен и оти луѓето се безбедни.