Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг oбјави дека разговарал со бугарскиот премиер Бојко Борисов, за односите со Русија.
„Разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов, нашиот доверлив сојузник во НАТО. Разговаравме за разни прашања од билатералната агенда, вклучувајќи ги и односите со Русија“, напиша тој на Твитер, јави МИА од Софија.
Претходно, на прес-конференција во Брисел, Столтенберг рече дека Алијансата „внимателно го следи напредокот на истрагата во Бугарија.
Во Бугарија уапсена шпионска група која работела за Русија
Бугарија деновиве соопшти дека привела и обвинила шест лица осомничени за давање класифицирани информации на Русија.
Портпаролката на канцеларијата на јавниот обвинител, Сиика Милева, денеска изјави дека осомничените се дел од шпионска група предводена од „поранешен висок член на воено-разузнавачката служба на Министерството за одбрана“.