Пад на турската лира по смената на гувернерот

Илустрација. Турски лири и евра.

Турската лира падна за 17 проценти откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го разреши шефот на централната банка Начи Агбал

Турската валута падна на рекордно ниско ниво од 8,36 за долар на 22 март, што е помалку од 7,21 за долар на крајот на минатата недела.

Ердоган го отпушти шефот на централната банка Начи Агбал на 19 март и го замени поранешниот министер за финансии со Сахап Кавчиоглу, поранешен пратеник во владејачката партија, зголемувајќи ја вознемиреноста на инвеститорите за политичко мешање во монетарната политика.

До смената дојде само еден ден откако централната банка нагло ја зголеми главната каматна стапка по трет пат во последните пет месеци, од 17 на 19 проценти, за да се обиде да ја контролира двоцифрената инфлација. Зголемувањето на каматната стапка беше поздравено од пазарите, но беше спротивно на ставот на Ердоган дека повисоките каматни стапки предизвикуваат инфлација.