По ЕУ, и САД разочарани од Турција за Истанбулската конвенција

Илустрација - Архивска фотографија од Џо Бајден и Реџеп Таип Ердоган

Американскиот претседател Џо Бајден ја нарече одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените „длабоко разочарувачка“. Во изјавата на Белата куќа, објавена на 21 март, Бајден рече дека повлекувањето на Турција од Истанбулската конвенција е „ненадејно и неоправдано“. Тој ја нарече одлуката „разочарувачки чекор наназад за меѓународното движење да стави крај на насилството врз жените на глобално ниво“.

Претходно, на 21 март, претседателката на Европската комисија (ЕК) и првиот дипломат на Европската унија (ЕУ) ја критикуваа одлуката на Турција да се повлече од договорот, чија цел е да се спречи насилството врз жените, и ја повика Анкара да се врати на конвенцијата.

Видете и ова: Турција се повлече од Истанбулската конвенција

Урсула фон дер Лајен, шефицата на ЕК, преку Твитер ги повика сите потписнички да ја ратификуваат конвенцијата. Таа рече дека жените заслужуваат силна законска рамка за да ги заштитат, додавајќи: „Насилство врз жените не е толерантно“.

Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ, изрази жалење и неразбирање за одлуката на Анкара да се повлече и ја повика Турција да ја повлече.

„Се надеваме дека Турција наскоро повторно ќе ѝ се придружи на ЕУ во одбраната на правата на жените и девојчињата, основен елемент на човековите права, мирот, безбедноста и еднаквоста во 21 век“, рече Борел.