Новиот состав на Собранието на Косово, кој произлезе од вонредните парламентарни избори одржани на 14 февруари, денеска треба да ја одржи својата конститутивна седница, на чиј дневен ред е изборот на новиот паламентарен спикер и на собраниските потпретседатели, јави МИА од Приштина.
Според соопштението од собраниските служби за односи со јавноста, прва точка на денешната седница, според дневниот ред, е верификација на кворумот и на мандатите на новите пратеници.
Неофицијално, од извори на партијата Движење Самоопределување, која извојува убедлива победа на изборите со освоени 50,27 отсто од гласовите, за нов собраниски спикер ќе биде предложен Глаук Коњуфца, една од водечките фигури на партијата предводена од претендентот за иден косовски премиер, Албин Курти.