ЕУ со критики до Турција за повлекувањето од Истанбулската конвенција

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен

ЕУ упати критики за одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените и ја повика земјата да се врати на договорот. Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен на Твитер ги повика сите потписнички да ја ратификуваат конвенцијата.

„Жените заслужуваат силна законска рамка за да ги заштитат“, рече фон дер Лајен и додаде: „Насилството врз жените не е толерантно“.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изрази жалење и неразбирање за одлуката на Анкара да се повлече од договорот.

„Се надеваме дека Турција наскоро повторно ќе се приклучи на Европската унија во одбраната на правата на жените и девојчињата, основните елементи на човековите права, мирот, безбедноста и еднаквоста во 21 век“, рече Борел.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ја нарече одлуката „поразителна“.

Истанбулската конвенција е договор креиран од Советот на Европа во 2011 година, кој има за цел да создаде правна рамка за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпиша конвенцијата уште кога беше премиер, а подоцна беше ратификувана во Турција. Сепак, според платформата „Ние ќе го спореме фемицидот“ во земјата, конвенцијата никогаш не била применета.

Вчера илјадници луѓе протестираа во Турција повикувајќи го Ердоган да ја повлече својата одлука. Протести се одржаа во Истанбул, Анкара и Измир. Еден демонстрант во Истанбул држеше портрети на жени убиени во Турција.