Рускиот амбасадор во САД се врати во Москва по изјавата на Бајден за Путин

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов се врати во Москва откако беше повикан на вонредни консултации во услови на зголемени тензии со Вашингтон, односно откако американскиот претседател Џо Бајден го нарече неговиот руски колега Владимир Путин „убиец“.

Забелешката на Бајден дадено во ТВ-интервју на почетокот на неделата, поттикна негодување од Путин, кој му посака на американскиот претседател „добро здравје“ и рече дека луѓето имаат тенденција да се однесуваат кон другите како што навистина се гледаат себеси.

Интервјуто на Бајден се појави по објавувањето на извештајот од страна на Кабинет на директорот за национално разузнавање на САД, според кој Путин - „Овластил, а низа руски владини организации спровеле операциите насочени да влијаат кон оцрнување на кандидатурата на претседателот Бајден и Демократската партија, поддржувајќи го поранешниот претседател Доналд Трамп, поткопувајќи ја довербата на јавноста во изборниот процес и влошувајќи ги социополитичките поделби во Соединетите држави “.

Кремљ веднаш ги демантираше наодите од извештајот, велејќи дека тие се апсолутно неосновани. Амбасадорот Антонов слета на московскиот аеродром Шереметјево рано утрината, објавија руските новински агенции, откако тој беше повлечен минатата недела. Пред полетувањето во Њујорк, тој изјави дека ќе остане во Москва онолку колку што е потребно и дека се закажани неколку состаноци.

„Руската страна секогаш потенцираше дека сме заинтересирани за развој на руско-американските односи во иста мера како што се и нашите американски колеги“, рече тој.

Москва последен пат го повика својот пратеник во САД во 1998 година, поради кампањата за бомбардирање на Западот на Ирак. Во 2014 година, откако САД соопштија дека Русија ќе се соочи со санкции за анексија на Крим од Украина, Путин се воздржа од повлекување на претставникот на Москва во земјата, опишувајќи ја мерката како последно средство.