Турција спровела воздушни напади на курдска зона во Сирија

Разрушени објекти од напади во Сирија. Архивска фотографија.

Сирискaта организација за човекови права соопшти дека Турција спорвела воздушни напади во северна Сирија во регион кој бил под контрола на курдската милиција.

„Турски борбен авион ги погоди воените позиции на Сириските демократски сили во селото Саида во селата Аин Иса ... што предизвика силни експлозии“, соопшти организацијата.

Ова е прва рација, како што се наведува, по „Операцијата мировен пролет“- воената кампања во октомври 2019 година, спроведена од Анкара и нејзините сириски сојузници против Сирските демократски сили во северна Сирија.

Операцијата тогаш беше ставена во мирување по два договори за кои Анкара преговараше прво со САД, а потоа и со Русија, што и овозможи на Турција да ја преземе контролата врз „безбедната зона“ во Сирија долга околу 120 километри и длабока 32 километри. Селото Аин Иса остана во рацете на курдските сили. Нема извештаи за жртви.

Единиците за заштита на народот, предводени од сириските Курди, кои претставуваат витална компонента на Сириските демократски сили, се сметаат од Турција за „терористи“ на забранетата Курдистанска работничка партија. Но, тие исто така беа клучен сојузник на САД и другите во битката против групата Исламска држава во Сирија.