На гледачите од странство ќе им биде забрането присуството на Олимписките игри во Токио кога ќе се отворат за четири месеци. Одлуката беше објавена по состанокот на Интернационалниот олимписки комитет, јапонската влада, владата во Токио, Меѓународниот параолимписки комитет и локалните организатори.
Игрите во Токио беа одложени од минатата година поради пандемијата и треба да бидат отворени на 23 јули. Штафетата за поставување на факелот треба да започне на 25 март во Фукушима, во услови на строг протокол.
Продадени се вкупно 630.000 билети, според извршниот директор на комитетот, Тоширо Муто. Според извештаите, околу 1 милион билети биле продадени на навивачи надвор од Јапонија. Организаторите ветија поврат на средствата, но тоа ќе го утврдат со овластени продавачи на билети кои се занимаваат со продажба надвор од Јапонија. Овие дилери наплатуваат такси до 20 проценти над цената на билетот. Не е јасно дали надоместоците ќе бидат вратени.
Јапонија има колу 8.800 смртни случаи на ковид-19. Одлуката доаѓа во услови на страв од зголемувањето на бројката на нови инфекции и зголемени случаи на нови видови на коронавирус во Јапонија.