Заев и Нуредени: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште отворен

Водно. Илустрација.

Премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини порачаа дека одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози за изнаоѓање на најдобро решение.

Заев и Нуредни беа на средба со претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, кои, како што соопшти владината прес-служба, изразиле очекувања дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје ќе ги земе предвид и аспектите на заштитната улога што ја има оваа планина за градот Скопје од поплави, ерозија на земјиштето и од пожари.

Заев и Нуредини истакнале дека иницијативата се донесува врз основа на Законот за заштита на природата, кој е донесен по претходно усогласување со законодавството на ЕУ, и со кој се обезбедува интегрирана заштита на заштитените подрачја во корелација и со другите релевантни закони, а ќе биде донесен и План за управување на подрачјето и Просторен план.

Дополнително, според соопштението, ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување.