Бугарија ја продолжува вакцинацијата со АстраЗенека

Богдан Кирилов, директор на Извршната агенција за лекови во Бугарија

Богдан Кирилов, директор на Извршната агенција за лекови во Бугарија

Бугарија денеска ќе ја продолжи вакцинацијата со „АстраЗенека“, а за оваа цел ќе го пушти во употреба сето количество од оваа вакцина – 100.000 дози, соопшти директорот на Извршната агенција за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов.

Нема проблем сите земји-членки на ЕУ да продолжат да ја употребуваат вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, бидејќи таа е безбедна и ефикасна, изјави тој вчера на вонредниот брифинг, во врска со одлуката на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19. Изјавата следеше откако ЕМА во својата вчерашна одлука вакцината „АстраЗенека“ ја прогласи за безбедна.

Билансот корист-ризик останува позитивен и нема пречки сите земји на ЕУ да продолжат да вакцинираат со лекот, додаде Кирилов.