Анкета: На изборите во Бугарија ќе гласаат 45 отсто од избирачите

Во пресрет на предизборната кампања во Бугарија, сигурно е дека пет партии ќе учествуваат во работата на следниот бугарски Парламент и засега две имаат вистински шанси за тоа, покажа најновото социолошко истражување на „Тренд“ нарачано од софискиот дневен весник „24 часа“.

Според анкетата, 45 отсто од избирачите се изјасниле дека сигурно ќе гласаат на претстојните избори во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

328 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија

Според анкетата Коалицијата ГЕРБ-УДФ ја задржува лидерската позиција со 28,8 отсто од оние што се изјасниле дека ќе гласаат. Опозициската Бугарска социјалистичка партија е на второ место со рејтинг помал за повеќе од пет отсто зад владејачката партија ГЕРБ. За третото место во тесна трка се партијата на шоуменот Слави Трефонов „Има таков народ“ (12,7 отсто) и Движењето за права и слободи (12,1 отсто). Демократска Бугарија е петти сигурен учесник во следниот состав на Национално собрание со 5,9 отсто поддршка од избирачите кои кажале дека ќе го искористат своето право на глас на изборите закажани за 4 април.

Блиску до влегување во следниот бугарски Парламент, се „Стани! Мутри, излези“! и ВМРО со 4,1 отсто, односно четири отсто од гласачите.

Анкетата на Центарот за истражување „Тренд“ е направена врз репрезентативен примерок од возрасната популација и е спроведена во периодот од 9-14 март 2021 година.