Ерменскиот премиер најави предвремени избори во јуни

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан рече дека предвремените општи избори ќе се одржат на 20 јуни, откако денеска разговараше со Гагик Царукијан, лидерот на опозициската парламентарна фракција „Просперитетна Ерменија“.

Тој и Царукијан за време на состанокот се согласиле дека предвремените избори се „најдобриот излез“ од сегашната политичка криза, напиша Пашинијан на својот Фејсбук профил.

Опозицијата бара Пашинијан да поднесе оставка по поразите што ги претрпеа ерменските сили минатата година против Азербејџан во битките околу Нагорно Карабах.

Ерменија - Упад во Владата, се бара оставка од премиерот

Коалицијата на опозициски партии одржаа антивладини демонстрации во Ереван и други делови од земјата во обид да го принудат Пашинијан да и ја предаде власта на привремената влада.

Пашинијан, чија фракција „Мој чекор“ доминира во парламентот, одби да се повлече од функцијата, но навести дека ќе прифати предвремени парламентарни избори под одредени услови.