СЗО: Ковид ситуацијата на Балканот е загрижувачка

Илустрација - Дози вакцини против ковид-19

Од Светската здравствена организација (СЗО) изразиле голема загриженост за ситуацијата на Балканот и бројот на смртните случаи поради ковид-19 во централниот дел од Европа, пренесува агенцијата АФП. СЗО забележале дека ситуацијата на Балканот е сериозна, загрижувачка и тешка за справување со постоечките здравствени системи во засегнатите држави.

„Сериозно сме загрижени за Балканот, но и за голем дел од централна Европа“, изјавила Кетрин Смолвуд од СЗО.

Оттаму сметаат дека и процесот на вакцинација е во застој поради одложувањето на дистрибуцијата на вакцини, па затоа е и зголемена локалната трансмисија, но и поради недоволното почитување на рестриктивните мерки. Ваквиот тренд на зголемување на бројот на новозаразени лица е забележан во последните 10 денови, што сериозно ги загрижило надлежните лица од СЗО за овој дел од Европа. Од СЗО додаваат и дека зголемениот обем на вакцинација ќе ја подобри ситуацијата.