САД ги проширија рестрикциите спрема руски експерти кои беа воведени неодамна како казна за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Американското министерство за трговија соопшти дека новите мерки, кои стапуваат во сила денеска, ќе спречат продавање на Русија на повеќе предмети кои се контролирани заради националната безбедност. Таквите ставки ќе вклучуваат технологија, софтвер и делови.
„Со распоредување на нелегални нервни агенси против неистомислениците, внатре и надвор од нејзините граници, руската влада флагрантно ги прекрши своите заложби согласно со Конвенцијата за хемиско оружје и директно ги изложи на смртни ризици сопствените граѓани и другите земји“, се вели во соопштението.
„Министерството за трговија е посветено на спречување на Русија да пристапи до чувствителните американски технологии што може да бидат насочени кон нејзините малигни активности со хемиско оружје“ се додава во соопштението.