Веќе напнатите односи меѓу Русија и Соединетите Држави стануваат уште потензични, откако претседателот Џо Бајден сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро „ќе плати цена“ за наводно мешање во изборите во САД, а Русија го повика својот амбасадор во Соединетите Држави назад во Москва на консултации.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз емитувано денеска, Бајден рече дека верува оти Путин е убиец кој нема душа и наскоро ќе „плати цена“ за обидот да се меша во претседателските избори во ноември минатата година. На прашање какви ќе бидат последиците од мешањето во гласањето, Бајден одговори: „ќе видите наскоро“.
Интервјуто беше емитувано само неколку часа откако извештајот објавен од Кабинетот на директорот на Националното разузнавање на САД оцени дека Путин „овластил, а низа руски владини организации, спровеле операции насочени кон оцрнување на кандидатурата на претседателот Џо Бајден и Демократската партија“, поддржувајќи го поранешниот претседател Трамп, поткопувајќи ја довербата на јавноста во изборниот процес и влошувајќи ги социополитичките поделби во Соединетите Држави. На прашањето дали мисли дека Путин е убиец, Бајден за ABC изјави: „Мислам“.
Русија ги отфрли тврдењата на САД за мешање во изборите 2020
Неколку часа подоцна, Русија објави дека го повикала својот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, на консултации во Москва.