Заев за Рашковски: Да не се избрзува со обвинувањата

Илустрација. Ахивска фотографија.

Не треба да биде обвинуван секој што патентирал систем и го отстапил бесплатно на користење на својата земја, порача денеска премиерот Зоран Заев, на прашањето дали ќе побара оставка од секретарот задолжен за мониторинг на реализацијата на владината програма и стратегиските проекти, Драги Рашковски, за спорната набавка на софтвер за „определување на просечна брзина на возила во сообраќај и изрекување на казни.

Заев рече дека луѓето што се инвентивни и требаат на државата, но додаде дека ако имало неетичко постапување или прекршување на законите ќе побара оставка од Рашковски.

Обвинителството за Рашковски ја „префрла топката“ на МВР и Финансиска полиција

„Однапред сакам да ставам ограда дека не треба секој да биде обвинуван, заради тоа што претходно имал создадено свој систем, го патентирал како систем, односно како процес, одредено право го отстапил бесплатно, нормално на користење на својата земја и дека на тој начин е забрането да се спроведува постапка, за да се набави таков систем, таков софтвер за потребите на државата. Сакам да ја испратам пораката дека луѓето, коишто се инвентивни во државата, коишто се докажале во својот приватен и професионален план и требаат на државата да бидат ангажирани, но ако било кој се огрешил пред законот или има барем неетичко постапување во делокругот на своето работење, сум тој којшто ќе преземе директно понесување одговорност за таквиот човек којштонаправил такво однесување, односно ќе побарам оставка или негово разрешување“, изјави премиерот Заев.