ИАЕА: Иран го крши нуклеарниот договор

Виенската меѓународна агенција за атомска енергија (ИААЕ). Генералниот директор Рафаел Гроси.

Иран започна со збогатување на ураниум во својата подземна фабрика во Натанц со употреба на напредни центрифуги, што претставува последно кршење на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, соопшти Виенската меѓународна агенција за атомска енергија (ИААЕ)

Пред два дена генералниот директор Рафаел Гроси ги информирал земјите-членки дека Иран сега користи побрзи ИР-4 центрифуги за збогатување на ураниум хексафлуорид со 5 процентна чистота. Употребата на напредни центрифуги е последното кршење на нуклеарниот договор, кој дозволува само побавни центрифуги IR-1 од прва генерација за збогатување.

Откако САД еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор во 2018 година во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп, Иран постепено ги прекршува ограничувањата во договорот. Иран вели дека прекршувањата може да се сопрат ако Соединетите држави се вратат на договорот или другите преостанати потписници - Кина, Русија, Германија, Франција и Велика Британија - ги почитуваат своите обврски и ги неутрализираат санкциите на САД со економски стимуланси

Лондон, Париз и Берлин го осудија иранското ограничување на нуклеарната контрола

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, која ја презеде функцијата од Трамп во јануари, посочи дека е отворена за можни преговори за враќање на САД на договорот, но бара Иран најпрво да се врати на своите обврски.

Техеран пак бара САД прво да се вратат на договорот и да ги укинат санкциите пред да ја намали својата нуклеарна програма.