СЗО препорача да се продолжи со употреба на вакцините на Астра Зенека

Илустрација.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека придобивките од вакцината Ковид-19 на АстраЗенека ги надминува потенцијалните ризици откако неколку држави ја прекинаа вакцинацијата заради загриженост за можна поврзаност со згрутчување на крвта.

Проценката на советничката група за безбедност на вакцините на СЗО го одразува ставот на агенцијата за лекови на ЕУ, кој еден ден претходно наведе дека нема докази за поврзување на вакцината со згрутчување на крвта и инсистираше дека земјите треба да продолжат да ја користат вакцината.

Европската агенција за лекови- да се продолжи со користењето на вакцината на Астра Зенека

Астра Зенека објави дека прегледот на безбедносните податоци не покажал докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Најмалку 30 лица меѓу 5 милиони кои примиле дози на вакцина во Европа имаат развиено згрутчување на крвта, што ги натера бројните земји на ЕУ, заедно со уште неколку други надвор од блокот, да го сопрат вакцинирањето со Астра Зенека.

Советничката група на СЗО соопшти дека експертите сè уште ги проценуваат податоците, но дека препорачуваат вакцинацииите да продолжат. Д-р Кејт О’Брајан, која е раководител на одделот за имунизација и вакцини на СЗО, рече дека дури и ако се утврди врска помеѓу вакцината и згрутчување на крвта, не треба да постои голема загриженост.