Европската комисија и Европскиот совет да помогнат за корегирање на механизмот за распределување на вакцини во земјите членки на Европската унија и да го направат поправеден. Ова го побараа лидерите на Бугарија, Австрија, Чешка, Словенија и Хрватска на средбата која се одржа денеска во Виена.
“Никој во ЕУ нема интерес од нерамномерна распределба на вакцините“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц кој побара секоја држава да доби количина пропорционална на нејзиното население.
Во саботата пет земјите членки на ЕУ односно Австрија, Чешка Словачка, Латвија и Бугарија објавија дека испратиле писмо до Брисел со барање лидерите на земјите членки најскоро што е можно да ги намалат огромните разлики во распределувањето на вакцините внатре во унијата.
Курц без да ги именува рече дека некои земји членки зад завесите се договарале за добивање на поголема количина вакцини од таа што би требало да ја добијат според бројноста и дека тоа довело до нерамномерната распределба.