Премиерот и лидер на СДСМ,Зоран Заев рече дека не знае дали поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски е надвор од земјава. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со гласините на социјалните мрежи дека Рашковски со семејство заминал во Мексико, рече дека утре ќе провери и ќе и соопшти на јавноста.
„Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам“, рече Заев на попладневната прес конференција во партиското седиште.
Инаку Рашковски со денови е тема во јавноста по информациите за набавка на софтвер за мерење просечна брзина на возилата и изрекување казни, кој за Министерството за внатрешни работи (МВР) лани во февруари го набавил Генералниот секретаријат на Владата кога тој го раководеше, а не се планира да се користи.