Главната дирекција за борба со организираниот криминал откри печатница за лажни пари во хала во кругот на универзитет во Софија. Надлежните, како што јавуваат бугарските медиуми, соопштиле запленети се лажни 4 милиони долари и 3,6 милиони евра.
Задржан е 48 годишен маж кој работел во печатницата и имал договор за вработување со факултетот. Заедно со него е приведена и 54 годишна жена со која најверојатно тој живеел.
Операцијата, како што се јавува, е реализирана заедно со американската служба, а има податоци и дека печатницата била дел од меѓународна мрежа, но засега има докази за подигнување обвинение само за двајцата притворени, соопштија од бугарското обвинителство. Од таму наведуваат дека немаат информации за тоа дали раководството на универзитетот било запознаено со печатницата за лажни пари.