Македонија ќе добие 100.800 вакцини на „Астра зенека“ од КОВАКС механизмот, информирале од Светската здравствена организација (СЗО) за ТВ 24. Тие до телевизијата испратиле листа со бројот на вакцини што се определени за секоја земја од регионот.
Според дописот од СЗО, кој го објавува телевизијата, „првата фаза на распределбата им била соопштена на релевантните влади кои тесно соработувале со партнерите во КОВАКС и производителите на вакцини за специфичните датуми за испорака , според СЗО, временските рамки за овие испораки ќе бидат објавени во наредните денови.
Во меѓувреме, македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за луксембурскиот весник „Ворт“, како што пренесе МИА, вели дека „Македонија се разочарала од ЕУ со набавката на вакцини против ковид-19, но дека „им било кажано дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините“.