Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска се сретна со луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, соопшти владината прес-служба.
На средбата со Бетел, премиерот Заев истакнал дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на Европската унија (ЕУ) е близок партнер на Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ. Заев како принципиелен го оцени ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување, нацедуваат од Владата.
Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и го покани премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија да ги разговараат за време на прошетката низ градот.