Специјалениот пратеник на Обединетите нации за Сирија Гир Педерсен изјави дека меѓународната дипломатија е клучна за да се стави крај на десетгодишната војна во Сирија. Тој прецизира дека е важно е да се воспостави нов формат во кој ќе бидат клучните држави што имаат влијание врз конфликтот: САД, Русија, Иран, Турција, арапските држави и Европската унија. Педерсен му порача на Советот за безбедност дека е време за „тивка дипломатија“. „Русија, Иран, Турција и САД се воено вклучени во Сирија и мораат да бидат вклучени во нови меѓународни напори покрај арапските држави, ЕУ и сите пет постојани членки на Советот за безбедност заедно со Кина, Британија и Франција“, рече тој, додавајќи: „За мене е клучно што сега е потребно сите овие актери сериозно да седнат и да развијат сириска политика заснована на разбирање дека никој од нив не може да го диктира резултатот од сириската војна“.
САД извршија воздушни напади врз милтантни групи во Сирија, поддржани од Иран
Востанието против владеењето на претседателот Башар ал-Асад, кое подоцна се претвори во општа војна, започна пред десет години. Педерсен изјави дека сириската војна, во која загинаа околу 500.000 луѓе, трае скоро како Првата и Втората светска војна заедно. Според податоците; ООН, повеќе од 12 милиони луѓе се раселени и ја напуштија земјата.