Светската здравствена организација за вакцини ќе се состане денеска за да разговара за безбедноста на вакцините против коронавирусот на Астра Зенека, објави вчера директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејезус. „Експертската советничка група за имунизација на СЗО ги разгледа податоците и е во близок контакт со Европската агенција за лекови“, рече Гебрејезус. По извештаите за несакани ефекти, вакцината на АстраЗенека вчера беше привремено забранета во Словенија, Италија, Германија, Шпанија, Португалија и Франција. Претходно тоа го направија Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија и Тајланд.
ЕМА даде мислење за серијата вакцини на АстраЗенека суспендирана во Австрија
Европската агенција за лекови ЕМА треба да даде проценка за вакцината на АстраЗенека поради проблеми со згрутчување на крвта иако тие досега не се докажани. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави Франција престанува со вакцинирањето се додека не биде позната проценката на ЕМА. „Одлуката е донесена од претпазливост“, рече Макрон.