Во Белорусија осудена дописничка на РСЕ

Белорусија, жени во знак на протест маршираат

Судот во Белорусија ги осуди дописничката на Радио Слободна Европа Лиза Ханчарова и нејзиниот татако Александар Харчаров на 15 дена затворска казна поради учество во недозволени демонстрации. Денеска во Централниот окружен суд во Минск, обвинетите ги отфрлија обвиненијата, посочувајќи дека не учествувале во протестите, но полицијата ги привела додека случајно биле во близина.

Судот ја прогласи за виновна Харчарова и за обвинението дека планирала да снима видео наменето за, како што велат, „екстремистички цели кои се објавуваат на мрежата Телеграм“, нешто што таа во судот го демантираше.

Таа пред судот изјави дека полицијата се однесувала брутално кон неа при приведувањето. 22 годишната дописничка работеше за бирото на РСЕ во Минск три години како хонорарен дизајнер на инфографици и креатор на содржини.

Ханчарова и нејзиниот татко беа меѓу десетината приведени во различни делови од Минск во акцијата против демонстратите кои протестираа против спорните претседателски избори на 9-ти август на кои за победник се прогласи досегашниот речиси тридеценискиот лидер Александар Лукашенко.

Литванија одби да ја екстрадира во Белорусија опозициската лидерка

Во изминативе неколку месеци илјадиници луѓе кои протестираа против изборните резултати меѓу кои и десетици новинари беа приведени, а на дел од нив им беа изречени и долги затворски казни. Дел од опозициските лидери се протерани или побегнаа од земјата.