Босански воен филм и романски документарец беа номинирани во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на следното доделување на оскари. „ Кво Вадис, Аида?“ во режија на Јасмила Жбанич, зборува за приказната на преведувач од Обединетите Нации во градот Сребреница, сцената на најлошиот босански воен акт каде што 8000 муслимански мажи и момчиња биле убиени од српската армија во јули 1995.
„Колектив“, од романско-германскиот режисер Александар Нанау, ја следи групата на романски истражувачки новинар во нивното откривање на измамата и корупцијата во јавното здравство по пожарот во клуб во Букурешт каде што 60 луѓе го загубиле својот живот. „Колектив“ исто така е номиниран во категорија на најдобар документарец, со што станува втор документарец од Југоисточна Европа, после македонскиот „Медена земја“ кој се номинира за Оскар во двете категории. Македонскиот филм „Врба“ на Милчо Манчевски не е номиниран за Оскар.
„Врба“ на Манчевски во американски поход
Во номинациите за најдобра споредна улога влезе и бугарската глумица Марија Бакалова која глуми во продолежнието на монументарецот на Саша Барон Коен „Борат последователен филм“.
За прв пат во 93 годишната историја на доделување на Оскари, во номинација за најдобра режија ќе се избира меѓу две жени Клои Жао и Емералд Фенел. Во истата категорија влегуваат и режисерите Томас Винтерберг, Дејвид Финчер, Ли Ајсак Чанг.
Покрај Чедвик Боузман, за најдобар актер номинирани се Риз Ахмед, Сер Ентони Хопкинс, Гери Олдман, Стивен Јан. Во конкуренција за најдобар филм се „Татко“, „Минари“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“, и „Судењето на чикашките седуммина“, „Јуда и црниот месија “, „Менк“, и „Земјата на Номадите “.
Чедвик Боузман посмртно е номиниран за Оскар за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун „Минари“.
За најдобра женска главна улога се номинирани пет актерки, Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“.
Академијата најави гламурозно Оскаровско шоу без публика во салата поради пандемијата. Најпрестижните филмски награди ќе бидат доделени на 25 април.