Од Европската комисија (ЕК) денеска прецизираат дека целта на предлогот за дигитални пасоши е да се олесни движењето внатре во Европската Унија (ЕУ), без гаранции за третите земји, јави дописничката на МИА од Брисел.
Кристијан Виганд, портпарол на Европската Комисија, изјави дека ЕК ќе се осигура дека предлогот кој се очекува на крајот на оваа недела ги почитува сите меѓународни стандарди, но примарна цел не е отворањето на границите кон земјите вон ЕУ.
„Сакам да истакнам дека целта на сертификатите е да се олесни безбедното движење во ЕУ, тие нема да донесат нови рестрикции, нема ништо да забранат, ќе ги направат работите полесни, ги гледаме и третите земји и во контакт сме со меѓународни тела како Светската здравствена организација за да се зема предвид интероперабилноста и меѓународните стандарди, но предлогот е фокусиран на слободното движење внатре во ЕУ, изјави Виганд, пренесе МИА.
Видете и ова: Ковид-пасоши само за вакцините одобрени од ЕУЗемјите од Западен Балкан, кои во голем дел се потпираат на руската и кинеската вакцина за излез од здравствената криза, изразија загриженост дека „предлогот на ЕК за дигитални сертификати за вакцинација нема да ги признаат вакцините кои не се одобрени во ЕУ“. Ова го сугерираше и еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон неодамна. ЕК на крајот на оваа недела треба да излезе со овој долгоочекуван законски предлог за дигитални сертификати, јави МИА од Брисел.
Овие “пасоши“ ќе имаат за цел да го олеснат патувањето внатре во ЕУ преку приложување доказ за вакцинација или доказ за негативен ПЦР тест во случај на лица кои не можеле или не сакале да се вакцинираат.