Како мерка на претпазливост, Холандија ја прекина употребата на вакцината против коронавирусот на АстраЗенека до 28 март, откако беа пријавени можни несакани ефекти во Данска и Норвешка, иако досега не е докажана таквата врска. „Врз основа на новите информации, холандската администрација за лекови препорачува, како претпазливост и додека се чека подетална истрага, да се прекине употребата на вакцината на АстраЗенека против ковид-19, објави синоќа холандското Министерство за здравство. Употребата на оваа вакцина во четвртокот ја запре Норвешка од истата причина како Исланд и Данска, наведувајќи го принципот на претпазливост поради стравувањата поврзани со формирање на тромб.
АИ: фармацевтските компании и богатите држави го изложуваат светот во ризик
Бугарија го стори истото во четвртокот, а Тајланд ја одложи кампањата за вакцинација. Досега не се познати случаи во врска со згрутчување на крвта во Холандија, соопшти холандското министерство, но сепак ги советува луѓето кои примиле вакцина да контактираат со лекар доколку по три дена доживеат „неочекувани или непознати“ симптоми. Светската здравствена организација во петокот соопшти дека нема причина да не се користи вакцината направена од шведско-британската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд. Компанијата пак, гарантира дека нивната вакцина е безбедна.