Демократската партија на социјалистите категорично ги демантираше информациите на српските таблоиди дека претседателот Мило Ѓукановиќ ја напуштил Црна Гора. „Уште една мизерна рециклирана лага“, објави ДПС.
Вчера се одржаа локални избори во Никшиќ, родниот град на Ѓукановиќ. Партиите што го сочинуваат новото парламентарно мнозинство на национално ниво водат на локалните избори во тој град, според прелиминарните избори објавени од Центарот за мониторинг врз основа на 50 проценти од обработените гласови.
Локалните избори се прва проверка на рејтингот на политичките сили, откако Демократската партија социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ ја изгуби власта на парламентарните избори минатото лето.