Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, загуби на вчерашните регионални избори во две федерални провинции. Според првичните официјални резултати, поддршката за централно-десничарската ЦДУ падна на 24,1 процент во југозападната држава Баден-Виртемберг и на 27,7 проценти во соседната Рајнска област-Пфалц. Резултатите беа најлоши досега за ЦДУ во двете држави, но партиските функционери предупредуваат дека конечните резултати сепак можат да се променат, бидејќи многу гласови беа испратени преку пошта. „Ова не е добра изборна вечер за ЦДУ“, рече генералниот секретар на партијата Пол Зиемик, истакнувајќи дека гласовите го одразуваат растечкото незадоволство, неразбирање и нетрпеливост за управувањето со кризата со коронавирусот.
ЕУ: Германија е водечка цел на руските напори за дезинформирање
ЦДУ и нејзината сестринска партија, Баварската христијанска социјална унија (ЦСУ), исто така беа погодени од обвинувањата дека двајца пратеници профитирале од зделки за набавка на маски во текот пандемијата на коронавирусот. „Ова е мрачен час за ЦДУ“, напиша дневниот весник „Ди Велт“, додека „Ди Цајт“ го окарактеризира исходот „катастрофа“ за конзервативците на Меркел. Изборите се одржаа во време на пораст на бројот на нови случаи со ковид-19 заедно со слабиот на вакцинацијата во Германија.
Меркел на средба со претставници на сојузните држави за мерките против ковид-19
Во Баден-Виртемберг, левичарската партија на Зелените повторно триумфираше, со 32,7 проценти, наспроти 30,3 проценти на последните регионални избори. во Рајнска област-Пфалц ЦДУ доби 27,7 проценти но е на второто место. Победи СПД, со околу 36 проценти. И во двете држави крајно десничарската Алтернатива за Германија се претстави полошо отколку во 2016 година, но сепак зеде околу 10 проценти од гласовите. Сите други партии одбија коалицирање со Алтернатива за Германија во за составување влада.